Рецепти
Праз во рерна со козјо сирење Ана Ѓорова

Интересно и едноставно предјадење од праз и сирење што ќе го обожавате

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Праз(10 парчиња )

Путер(25 Грама)

Јајце(1 )

Козјо сирење(150 Грама)

Јогурт(100 Милилитри)

Рендан пармезан(50 Грама)

Презла(25 Грама)

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Загрејте ја рерната на 180°C.
  2. Тавата за печење премачкајте ја со путерот и во неа наредете го празот исечен на тенки ленти.
  3. Додајте вода колку да се покрие празот и ставете го во загреаната рерна да омекне.
  4. Откако празот ќе омекне, ако има вода исцедете ја.
  5. Во длабок сад изматете го јајцето, па додајте ги јогуртот, половина од пармезанот и ренданото козјо сирење.
  6. Зачинете со сол и бибер и измешајте ја смесата, па истурете ја врз празот.
  7. Во друг сад измешајте ги презлата со остатокот од пармезанот и посипете ја тавата со праз.
  8. Печете околу 40-тина минути додека јадењето стане крцкаво и добие златна боја.
Јафа бомбици
Банана лепче
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Банана залчиња
Туна ќофтиња
Ванила бомбици
Здрава проја со тиквички
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Баклава со јаболки
Шеќерни прженки
Пилешки дроб и срца
Салата со соја и шампињони
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Смути од јапонски јаболки и круши
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Динстани јунешки ребра
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: