Состојки
Матеница
Полна е со здрави материи - витамини (особено B2), добри бактерии и ензими кои ги чистат и смируваат цревата. Матеницата според хемиските анализи е утврдено дека има 16 типови на протеини, 8 минерали, 7 витамини, до 23 амино киселени и до 11 ензими. Содржи многу минерали, неопходни за нашиот организам и тоа првенствено калиум калциум, бакар, железо, цинк, кобалт, манган и фосфати. Овие минерали се важни, бидејќи тие ги интегрираат метаболичките процеси и придонесуваат за поквалитетен тонус на ќелиите. Правилното одвивање на овој процес, значително го намалува ризикот од мозочен удар, од висок крвен притисок. Го подобрува имунитетот, ги регулира штетниот холестерол и цревната флора, го регенерира црниот дроб, ја спречува остеопорозата и го намалува забниот камен. Матеницата се смета за еден од најдобрите енергетски извори и се препорачува на спортисти, деца,стари лица, трудници, доилки.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти