Состојки
Немасен јогурт
Јогуртот, како вкусен и користен напиток, за многу луѓе претставува задолжителна состојка при секој утрински појадок. Тој е одличен извор на калциум кој е важен за раст, развој и одржување ка коските посебно кај деца и адолесценти. Јогуртот полесно се вари во организмот од млекото. Тој е богат извор на калциум и одличен извор на протеини, ја подобрува биорасположивоста на другите хранливи материи, може да го зголеми имунитетот, помага при исцелување на цревни инфекции, може да ги намали габичните инфекции и ризикот од холестеролот.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти