Состојки
Ориз за суши Оризот потекнува од тропската Азија и претставува основна храна на повеќе од половина жители во светот. Тој е извонредно хранлив - 100 грама ориз содржи 360 калории и не содржи многу масти, но е богат со скроб и затоа е лесно сварлив. Од минерали, оризот изобилува со фосфор (116 милиграми) и калиум, а нешто помалку магнециум, калциум, манган, железо, сулфур, бакар, цинк, кобалт. Од витамини - најмногу содржи витамин Е и витамини од групата Б. Поради својот биолошки состав, оризот не е само храна, туку и лек. Поради големата содржина на скроб и калиум, како и поради неговата лесна сварливост, оризот се препорачува за диетално лекување на желудечното и цревното воспаление и на проливот. Научно е докажано дека оризот, поефикасно од било која друга житарица, го зголемува излачувањето на мочката, па затоа тој им се препорачува на лицата со водена болест, односно на лицата кои имаат отоци и насобрана течност во шупливите органи (во абдоменот–асцит и целодробната обвивка–плеврит). Исто така, со исфрлањето на поголемата количина на течности од организмот, се исфрла и вишокот на фосфор и белковини, што значително ги намалува ревматските тегоби, тегобите при гихт, кои се пратени со болки во зглобовите. Со водата се излачуваат и штетните материи од организмот, па ориз или оризова вода е природен лек за детоксикација на организмот.   
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: