Состојки
Рукола
Руколата е самоникната билка со медитеранско потекло, која уште старите Римјани и Грци многу ја ценеле и ја користеле во исхраната. Покрај другото, тие руколата ја сметале и за моќен афродизијак. Руколата е многу богат извор на минерали и витамини: калциум, магенизум, железо, калиум, фосфор, витамин А, витамин К, витамин Ц, фолна и пантотенска киселина. Содржи и големи концентрации на бета-каротен кој има антиоскидативно дејство и индоли кои го намалуваат ризикот за развој на хормонски зависни карциноми како што е карциномот на дојката. Освен што содржи бројни хранливи состојки, руколата содржи и различни биолошки активни состојки – фитохемикалии, чии антиоксидативни својства имаат позитивен ефект врз здравјето на човекот и го намалуваат ризикот од многу заболувања. Бета-каротенот го блокира формирањето на слободните радикали и така директно го спречува оштетувањето на клеточната ДНА структура. Руколата содржи и лутеин и зеаксантин, каротиноиди, кои покрај своите многубројни заштитни својства, играат важна улога и во заштитата на ретината на окото. Бидејќи руколата содржи големи концентрации на калциум, таа им се препорачува на лицата со остеопороза, но и како превенција од остеопороза, особено на жените во постменопаузата.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти