Состојки
Сирење
Историските податоци покажуваат дека производството на сирење започнало во престаро време (1500 години п.н.е), односно Грците и Римјаните имале обичај да послужуваат со сирење и вино на банкетите кои постојано ги организирале. Зрелото сирење претставува траен млечен производ кој има голема енергетска и биолошка вредност, а хранливата вредност на сирењето не се должи само на присуството на млечни белковини, масти и нивните продукти на разложување, туку и на изобилството на минерални материи и витамини. Со консумирање на 100 грама сирење може да се задоволат 24-40% од дневните потреби за протеини, 30-100% за калциум и 20-25% за фосфор.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти