Состојки
Снегулки од јачмен Јачменовите снегулки се добиваат од здрави зрна на јачмен кои со посебни технолошки постапки се обликуваат во плочки или во снегулки. Ова со векови старо жито изобилува со растителни влакна и содржи разни витамини, како што се витамините Б3, Б1 и Б2, многу мали количини витамини А, Е и К, минерали и олигоелементи – селен, железо, магнезиум, цинк, калиум, манган, фосфор и бакар и многу малку масти. Јачменот е одличен извор на растителни влакна, сварливи и несварливи, и на особено значајните бета-глукани кои се одговорни за намалување на нивото на LDL-холестеролот. Сварливите растителни влакна помагаат и за намалување на нивото на гликоза во крвта, за намалување на ризикот од развивање шеќерна болест, како и за подобрување на состојбата на кардиоваскуларниот систем. Несварливите растителни влакна во јачменот помагаат за редовно празнење на цревната содржина и за намалување на ризикот од одредни облици на рак на дебелото црево. Консумирањето храна богата со растителни влакна го зголемува и го продолжува чувството на ситост, што е значајно за одржување на телесната тежина и за превенција од дебелеење.    
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: