Состојки
Црвена бабура
Црвената бабура е вид широка дебела пиперка со благотворно дејство. Овој зеленчук изобилува со витамини од кои А и Ц, како и минерали од кои магнезиумот. Покрај тоа што е моќен антиоксиданс, витаминот Ц е потребен за правилна апсорпција на железото. Црвените бабури се извор на витамин Б6 и магнезиум. Оваа комбинација на витамин и минерал помага против анксиозност, особено во пред менструален синдром. Витаминот Б6 е исто така и диуретик, па со консумирање на црвена пиперка може да ја намалите надуеноста и да спречите хипертензија. Богати се со витамин А кој помага да се одржи видот, особено при ноќно гледање.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти