Состојки
Замрзнати малини
Малината е богата со разновидни антиоксиданси, а најголем дел им припаѓа на елагитанините за кои се смета дека имаат антиканцерогено дејство. Малините се здрави и за срцето и крвните садови бидејќи ги врзуваат жолчните соли во дебелото црево и ги исфрлаат од телото. Растителните влакна ја зголемуваат осетливоста на инсулин и така го спречуваат развојот на дијабет од тип 2. Малините имаат својство да ја врзуваат водата, набабруваат и даваат чувство на ситост, па затоа храната богата со растителни влакна се препорачува во тек на диети и за одржување на нормална телесна тежина. Малината содржи витамин Ц (26,2 милиграми), витамини од Б групата, витамин Е и К, а во мали количини ги содржи скоро сите минерали.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти