Состојки
Зелена смоква Вкусната и слатка смоква е едно од најстарите овошја во кои уживале луѓето: рајско овошје кое дава сила, го одржува здравјето и ги брише борите. Смоквата е овошје кое вреди да се пофали и за своите лековити својства. Свежата смоква содржи до 80% вода и 60% природен шеќер, па затоа е добро да се консумира. Благиот вкус на смоквите совршено се сложува со солени вкусови, како на пример овчото и козјото сирење, па може да се додаде кон разни компоти или јадења. Од свежата смоква може да се направи слатко, компот, џем и ферментирани пијалоци. Смоквите содржат висока вредност на магнезиум, кој е еден од основните елементи што го штитат нашиот нервен систем од стрес. Смоквата има многу ниска содржина на масти, а побогата е со влакна од било кое друго овошје и зеленчук па затоа треба да се консумира секој ден. Пектинот е растворливо влакно кое го намалува нивото на холестерол во крвта, додека триптофанот помага при проблеми со циркулацијата како и при несоница.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: