Состојки
Желатин Желатин е чиста и безбојна или малку жолта супстанција добиена со подолго вриење на кожа, коски или сврзно ткиво од домашни говеда, свињи или коњи. Тој практично нема вкус и мирис и е во форма на тенки, проѕирни листови или во прав. Желатинот претставува клучна состојка во гумените бонбони и маршмелоу, но и во вакцините и капсулите. Исто така, се користи и при изработка на пифтија и желе, овошни десерти и во разни креми за торти и колачи. Желатинот се состои од протеини, вода и минерални материи а содржи половина од неопходните аминокиселини за човечкиот организам како глицин и лизин.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: