Состојки
Павлака Павлаката е млечен производ кој се состои од концентрирани млечни масти. Постојат разни видови што се одредуваат според процентот на млечните масти, но и според начинот на приготвување и намената. Најчесто се карактеризира со пријатен сладок вкус, а може да се добива и со ферментацијата на млечни масти и тогаш има кисел вкус. Павлаката е здрав продукт кој е богат со калциум, фосфор, цинк, магнезиум, бакар и железо. Од витамините се присутни повеќе видови, особено оние од Б-комплексот. Затоа се смета за здрав продукт кој е корисен за човечкото здравје. Важи и за заштитник од многу болести. Погодна е за кардиоваскуларниот систем и поради ограничената употреба не треба да се исфрла од исхраната поради концентрацијата на мастите. Оние што се на диета можат да го користат како квалитетен диететски производ. Павлаката има карактеристика да дава чувство на ситост. Во козметичка смисла е мошне поволна затоа што дејствува на мекоста на кожата, ја задржува природната влажност, добра е за прочистување на кожата и на природен начин ги отстранува мртвите клетки од неа. За сува кожа се препорачуваат козметички маски од павлака.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: