Состојки
Рузмарин
Шармантниот рузмарин е перфектната билка која мора да ја имате во вашата кујна. Ова растение е едно од светски препознатливите растенија кои го збогатуваат нашето здравје со фито-нутриенти, антиоксиданти и есенцијални киселини.
Настрана од кулинарските и медицинските бенефиции кои рузмаринот ги нуди, тој има и многу други позитивни страни. Лисјата од рузмарин содржат фито-хемикалии кои се познати по спречувањето на заразни болести и кои го подобруваат здравјето.
Деловите од билката, особено цветовите, содржат феноличен антиоксидант (рузмаринска киселина) како и многу други есенцијални масла како цинеол, борнеол, борнил ацетат, а-пинен итн. Овие состојки имаат антифламаторни, антиалергенски, антифунгални и антисептични својства. Лисјата на рузмарин овозможуваат 131 калорија на 100 грама, и не содржат воопшто холестерол.
Рузмаринот содржи големи количини на витамин А. Неколку ливчиња на ден ќе придонесат многу за вашето здравје. Особено е добро за одржување на здрав мукус на мембраните и кожата. Витаминот А е добар и за чување на белите дробови и усната празнина. Растението е богато и со железо, содржи 6,65 милиграми на 100 грама свежи лисја. Железото е важен компонент на хемоглобинот во црвените крвни зрнца.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти