Рецепти
Полнета пастрмка во црно вино (посно) Ана Ѓорова

Посен и вкусен ручек од полнети пастрмки со зеленчук во вкусна маринада

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Пастрмка(2 околу 700 грама )

Црвено вино(2 Децилитри)

Рузмарин(1 гранче свеж )

Лук(4-5 Чешниња)

Зелен бибер(1 Кафена лажица)

Соја сос(1/4 Кафена лажица)

Маслиново масло(по потреба )

Лимон(1 )

Сол

Бибер

Праз(1/2 )

Морков(1 )

Компир(750 Грама)

Спанаќ(или блитва 100 Грама)

Зелени маслинки(без семки 100 грама )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 50 минути + 1 час рибата да отстои во маринада

  1. Околу 2-3 чешниња лук, зелениот бибер и рузмаринот истолчете ги со толчник, па измешајте ги со сок од исцедениот лимон, виното, маслиновото масло и соја сосот.
  2. Зачинете ја маринадата со сол и бибер по вкус и ставете ја рибата да остстои околу 1 час (претходно исчистете ја рибата и засечете ја со нож на неколку места).
  3. Mорковот и 150 г од компирот излупете ги и изрендајте ги, а спанаќот, празот и маслинките исечкајте ги.
  4. Во маслиново масло кратко динстајте го празот, па додајте ги компирите и морковите, потоа спанаќот, маслинките и 2 сечкани чешниња лук и динстајте додека испари вишокот течност.
  5. Во огноотпорен сад наредете 600 г компири исчистени и исечени на кругови.
  6. Пастрмките наполнете ги со филот од компир, морков и праз, прицврстете ги со чепкалки и наредете ги врз компирот во тавата.
  7. Садот прекријте го со фолија и јадењето печете го на 200°C околу 40 минути.
  8. Потоа отстранете ја фолијата и запечете ја рибата уште 10-тина минути.
Јафа бомбици
Банана лепче
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Банана залчиња
Туна ќофтиња
Ванила бомбици
Здрава проја со тиквички
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Баклава со јаболки
Шеќерни прженки
Пилешки дроб и срца
Салата со соја и шампињони
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Смути од јапонски јаболки и круши
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Динстани јунешки ребра
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: