Состојки
Зелени маслинки
Зелената маслинка претставува есенцијална состојка од големо значење за медитеријанскиот регион, како извор на маслиново масло, меѓутоа поседува и многу нутритивни својства кои се значајни за човечкиот организам.
Во кулинарството, зелените маслинки најчесто се консумираат во сурова форма, во разни видови салати, месо, како и во похована форма. Се карактеризираат со солено-горчлив вкус, кружен облик и цврста конзистенција, а најчесто содржат семка во средина на масата.
Зелената маслинка е корисна и од нутритивна гледна точка. Содржи моно и поли-незаситени масти, протеини, јаглехидрати и диетални влакна како и витамини А, Б, Д и К.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти