Состојки
Бакалар
Бакалар е риба од семејството Gadidae што живее во ладни, северни мориња. Претставува многу ценета риба во кулинарството и е една од видовите риби богата со есенцијални масни киселини. Белото месо од бакаларот има благ вкус, претставува нискокалоричен извор на протеини и може да биде одлична замена за месо. Маслото од бакалар изобилува со витамини и е корисно за човековото здравје. Најголеми производители на оваа риба се Норвешка, Русија, Исланд и Канада, а ловот и побарувачката на бакалар се зголемува од година во година.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти