Состојки
Бибер
Биберот е најпопуларниот зачин без кој не може да се замисли ниедна кујна, а по потекло е од Индија. Отсекогаш зрната бибер биле ценети, што своевремено бил заменуван за пари. Потекнува од тропските предели, се смета за најпопуларен зачин, застапен е во сите светски кујни.
Во денешницава биберот се употребува секојдневно: во облик на зрна или прав, а во употреба се црн, бел, зелен и црвен бибер. Најдобро е да се сомеле пред употреба. Биберот носи и здравствени бенефиции при што го олеснува варењето, го стимулира протокот на крв и ги ублажува симптомите на настинка, надворешно загрева и ја подобрува циркулацијата.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти