Состојки
Булгур-житарка Булгур е турско име за житарка која се добива од неколку видови пченица, а најчесто од „дурум“ пченицата. Булгур се подготвува од пченично зрно без лушпа, кое делумно се вари, а потоа се суши и се ситни на мали делови. Според неговата иситнетост може да биде фино мелен, средно или крупно измелен, а се среќава и со цело зрно. Булгурот содржи многубројни витамини и минерали, како калциум, железо, магнезиум, цинк, тиамин, ниацин, рибофлавин, пантонска киселина и витамин B6. Тој носи со себе и здравствени бенефиции: консумирањето на булгурот допринесува за смалување на вкупниот холестерол, ЛДЛ холестерол, триглицеридите и нивото на инсулин со што се намалува ризикот од срцеви заболувања. Булгурот е достапен во сите продавници за здрава храна и тоа по поволна цена. Далеку поефтин од киноата, а далеку побогат со диетални влакна. Единствено не е погоден за безглутенска диета, затоа што како и пченицата содржи глутен.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: