Состојки
Феферонки Феферонките има силен мирис и вкус кој варира од сладок до многу лут. Некои видови феферонки се толку лути што дури само со нивно допирањето може да се јави кожна иритација. Овие плодови содржат  масни и етерични масла, стероидни сепонини, витамин Ц, П, Б1, Б2 и акротин, фотонциди и обоени материи. Доколку се консумираат во мала количина, имаат лековити својства. Лутите пиперки се користат за поттикнување на апетитот и за подобрување на варењето на храната во организмот. Плодовите на лутата пиперка се употребуваат свежи, но можат и да се подготвуваат или сушат - цели или на парчиња. При сушење зрелите плодови добиваат потемна боја - од темно до портокалово-црвени. Обично пиперките се сушат на сонце, од што тие се збрчкуваат. Пиперките може да се чуваат на суво место и го задржуваат вкусот преку целата зима. Се употребуваат во различни сосови, зачини за јадења, салати и пици.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: