Состојки
Ѓумбир Ѓумбирот зазема специјално место во многу кујни поради специфичната арома и остриот, пикантно лут вкус кој го издвојува од останатите зачини, но исто така и заради неговите лековити својства. Илјадници години тој се користел како зачин и лек, па до денес луѓето го користат неговото моќно дејство. Ѓумбирот (ботаничко име: Zingiber officinale) е едногодишно коренесто растение кое води потекло од јужниот дел на азискиот континент и се одгледува повеќе од 3.000 години наназад. Најголемиот производител на овој егзотичен зачин со беложолтеникава боја е Индија. Коренот од ѓумбир содржи само 80 калории на 100 грама производ, кој во најголем дел е сочинет од јаглехидрати ~ 18 грама, протеини ~ 2 грама и масти ~ 1 грам. Во својот хранлив состав ѓумбирот најмногу содржи витамин Ц, калиум, железо, калциум и магнезиум.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: