Состојки
Ѓумбир во прав
Ѓумбирот претставува корен од растението Zingiber officinale и има широк спектар на дејствo заради што и често се користи, не само како зачинска билка, туку и за подготовка на чај. Во кулинарството, ѓумбир во прав се користи како додаток на многу јадења со и без месо како и за супи и чорби. Им дава на јадењата лутеникав вкус и карактеристична силна арома поради изобилството на етерични масла во него.
Освен како додаток кој го збогатува вкусот, тој помага и за подобрување на системската циркулација, а особено на екстремитетите, го подобрува варењето на храната и ги смирува симптомите како што се гадење и повраќање при патување.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти