Состојки
Јогурт
Јогуртот настанува по природен процес на ферментација на млекото со помош на бактерија. Делувањето на бактеријата го претвора млечниот шеќер (лактоза) во млечна киселина и се добива јогурт по индустриски пат. Јогуртот е совршена намирница за појадок, со солени оброци и житарици.
Јогуртот има доста здравствени бенефиции. Имено, корисните бактерии од јогуртот кои се создаваат со ферментација, го штитат организмот од воспаленија и штетни микроорганизми и преставува совршен извор на протеини, минерали и витамини.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти