Состојки
Кандирана кора од портокал Кандирана кора од портокал е сладок и вкусен додаток кој се прави при процес на кандирање. Се користи за декорација на колачи или слатки. Присутна е како суштинска состојка на англиските пудинзи и овошни колачи, додека во Италија, се додава во сладолед. Инаку, суштината на процесот на кандирање на овошје е во тоа што содржината на вода во плодовите се заменува со шеќер. Овошјето се врие во вода со шербет. Откако ќе се исцедат, плодовите се сушат и се добива производ со низок степен на влага и долг рок на траење (со месеци). Кандираните овошја се користат за десерти, сладолед, пецива и слично.    
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: