Состојки

Келераба (дива зелка)
Келераба (Brassica oleracea) е растение од семејството зелјести плодови. Таа е култивирана сорта на дивата зелка и се употребува како зеленчук во кујната при подготовка на многу јадења, салати и слично. Структурата и вкусот на келерабата се слични на срцевината на зелката, но постојат неколку сорти келераба кои се разликуваат по вкусот и по бојата (од светлозелена до темновиолетова). Келерабата (лисјата и стеблото) се јаде додека е млада, а плодот е сочен, мек и вкусен.
Таа изобилува со витамин Ц (62 милиграми во 100 грама плод), а содржи и провитамин А, фосфор, калциум, железо, бакар, манган, магнезиум, тиамин, ниацин, пантотенска киселина и фолна киселина. Претставува нискокалорична состојка со 6,2% јаглеродни хидрати и 1,7% белковини.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти