Консумирањето киви е многу здраво, а само еден плод од ова овошје содржи доволно витамини Ц за да ги задоволи дневните потреби на возрасен човек. Во споредба со лимонот, кој има 40 милиграма Ц витамин, во кивитe има дури од 100 до 400 милиграми Ц витамин во 100 грама плод. Во кивите исто така застапени се и витамините А, Б1, Б2. Кивите содржат калиум, магнезиум и витамин Е, а освен тоа содржат и многу вода и малку калории, така што е многу значајно овошје на секоја диета. Лекарите посебно ја препорачуваат во зима, бидејќи го зајакнува имунитетот и преставува превенција од грип. Кивито е идеална за оние кои имаат висок крвен притисок. Покрај тоа, претставува вистински лек против замор и лошо расположение, честа појава во зимските месеци. Кивите можат да се јадат сирови, но и да се користат за подготовка на овошни салати и торти.