Рецепти
Бисквит торта со киви и банани Ана Ѓорова

Егзотична торта со плазма бисквити и овошје што се припрема брзо и лесно без печење во рерна

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Мелени бисквити(Плазма 600 грама )

Маргарин(325 Грама)

Сок од портокал(газиран 400 мл )

Млеко(750 Милилитри)

Ванилин шеќер(2 ќесички )

Нишесте (пченкарен скроб)(150 Грама)

Јајце(4 )

Банана(4 )

Киви(5 )

Лимон(1 )

Слатка павлака(500 Милилитри)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 35 минути

  1. Во тенџере на оган растопете 125 г маргарин.
  2. Растопениот маргарин измешајте го во длабок сад со мелените бисквити, измешајте со лажица, потоа постепено додавајте го газираниот сок и мешајте ги состојките со дланките додека смесата се соедини.
  3. На чинија за торта ставете страничен дел од тркалезен калап за печење и во него нанесете ја смесата.
  4. За филот: во тенџере на оган ставете 500 мл млеко, шеќерот и ванилиниот шеќер. Во преостанатото млеко додајте го густинот и измешајте.
  5. Одделете ги жолчките од белките, жолчките додајте ги во млекото со густинот и мешајте со жица.
  6. Потоа непрекинато мешајќи со жицата, во зовриеното млеко во тенџерето на оган додајте ја содржината од млекото со густин и жолчка и варете додека кремот ја добие потребната густина.
  7. Во сад за матење со миксер пенасто изматете 200 г од преостанатиот путер, па додајте го во изладениот крем и матете со миксерот додека филот се соедини.
  8. Бананите и кивите излупете ги и исечкајте ги на коцки, па ставете ги во длабок сад и прелијте ги со лимоновиот сок за да не потемнат. Додајте ги во претходно подготвениот фил и измешајте.
  9. Филот нанесете го врз смесата на чинијата за торта, па ставете ја неколку часа во фрижидер.
  10. Во длабок сад со миксер матете ја слатката павлака додека ја добие потребната цврстина, па со шлагот премачкајте ја и украсете ја тортата со готварски шприц. Може да ја декорирате и со свежо овошје по желба.
Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: