Состојки
Млеко од соја
Соиното млеко технички не е млеко, туку напивка направена од соини зрна. Бидејќи е сиромашна со маснотии и холестерол, сојата ги намалува опасните липиди во крвта. Покрај тоа што го штити срцето и го намалува ризикот од срцеви заболувања, соините протеини и изофлавони го намалуваат ризикот од рак на дојката и на простатата и го намалуваат лошиот ЛДЛ-холестерол. Редовното консумирање храна од соја помага да се намали и ризикот од остеопороза. Аминокиселините што ги среќаваме во соините протеини ги задоволуваат истите базични потреби на човековиот организам како и животинските протеини - но тие се безопасните заситени масти, холестерол и лактоза. Затоа, соиното млеко е погодна напивка за луѓето алергични на лактоза. Една шолја млеко добиено на овој начин содржи 8-10 грама протеини, 4-5 грама јаглени хидрати, 4-5 грама масти. Дневната препорачана доза соини протеини е 25 грама, така што 2,5-3 шолји дневно од соиното млеко со оваа концентрација на протеини ќе бидат Ваша ефикасна алатка во борбата да го зачувате срцето здраво.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти