Состојки
Шеќер во прав
Омилената торта во никој случај не би била толку вкусна доколку во слаткарницата заборават да стават шеќер, а утринското кафе не би донело сладок почеток на денот ако немате во него да растворите барем неколку шеќерни кристали. Никој не може да оспори дека шеќерот ни го засладува животот, но тој не мора да прави слатки чуда во кујната за да ни биде корисен. Еве неколку невообичаени примени на најпопуларниот бел засладувач: може да се користи како домашен пилинг за телото, отстранува зелени флеки од трева од облеката, омекнува усни, смирува болка на јазикот предизвикана од лути или жешки јадења, служи како природен депилатор, смирува икање.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти