Состојки
Штавеј
Штавејот (Rumex) е повеќегодишна билка која спаѓа во групата лиснати зеленчуци со зелена боја. Таа доаѓа од Европа, има долги овални листови, и достигнува до околу 1 метар висина. Најмногу успева на влажни површини и е распространета низ целиот свет. Кај народот оваа билка е позната и по употребата во исхраната, каде е неодминлив дел. Лековити се сите нејзини делови, може да се користи и во течна состојба како чај, и во сува и свежа состојба. Оваа билка како главна состојка ја содржи оксалната киселина, задолжена за карактеристичен вкус, и високи хранливи вредности кои даваат многу благотворни влијанија на билката. Освен тоа, таа е богата со калциум, натриум, магнезиум, железо.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти