Состојки
Соино сирење (Тофу)
Тофу се нарекува и сирење од соја, бидејќи се произведува слично како и сирењето, со згрутчување на протеините во соиното млеко. Поради богатиот протеински состав, тофуто е одлична замена за месо. Тофуто како и сите производи од соја позитивно влијае врз здравјето. Докажано е дека тофуто може да го намали високиот крвен притисок и високата вредност на LDL-холестеролот. Тофуто го зајакнува срцето и крвотокот. Се смета дека тофуто може да го намали и ризикот кај жените од рак на дојка, а кај мажите го намалува ризикот од рак на простата. Овој заштитен ефект на тофуто се објаснува со фактот што протеините од сојата во човековиот организам се претвораат во антиканцерогени супстанци.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти