Состојки
Суви смокви
Сувите смокви се одличен извор на минерали, како калциум, бакар, калиум, манган, железо, селен и цинк. Во 100 грама суви смокви има 640 мг калиум, 165 мг калциум, 2.03 мг железо и 232 мг калиум. Калиумот е важен составен дел од клетките и телесните течности кои помагаат во контрола на отчукувањата на срцето и крвниот притисок. Бакарот, како и железото, е потребен за производство на црвени крвни клетки и за клеточна оксидација. Сувите смокви ќе ви ја вратат изгубената енергија, ќе ве ослободат од нервозата и несоницата, ќе го подобрат вашето помнење и концентрација.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти