Состојки
Црно грозје
Црното грозје (Vitis vinifera) е богат извор на калиум, витамините Ц, Б1 и Б6 и минералот манган. Покрај тоа, содржи и флавоноиди кои го забавуваат згрутчувањето на крвта, го намалуваат лошиот холестерол и на тој начин го намалуваат ризикот од срцеви болести. Древните народи го сметале црното грозје како еликсир на младоста. Обвивката на црното грозје е од големо нутритивно значење, изобилува со фенолни материи кои му даваат боја и вкус, а на луѓето што го консумираат - здравје. Црното грозје содржи и моќни антиоксиданси кои ги уништуваат штетните супстанци и слободните радикали кои се причина за појава на тумор.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти