Рецепти
Турлитава со грозје Ана Ѓорова

Освежителна варијанта на традиционалната турли тава, со неколку зрна црно грозје

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Свинско месо(300 Грама)

Боранија(1 Шака)

Зелена пиперка(2 )

Морков(3 )

Модар патлиџан(1 )

Бамја(1/2 Килограм)

Компир(1/2 Килограм)

Црно грозје(10 зрна )

Вегета(1 Супена лажица)

Сол(1/2 Кафена лажица)

Црвен пипер(1/2 Кафена лажица)

Брашно(1 Супена лажица)

Масло

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 90 минути

  1. Зеленчукот исчистете го и исечкајте го на коцки.
  2. Месото исто така исечкајте го на коцки и испржете го, а потоа ставете го во огноотпорен сад.
  3. Пиперките испржете ги и додајте ги во садот. Во истата тава испржете ги морковите, боранијата, модриот патлиџан и едно по едно редете ги во садот со месото.
  4. Компирите исечкајте ги на коцки, бамјите исчистете ги и сè заедно додајте во садот. Зачинете и наполнете со млака вода колку да се покријат зеленчуците.
  5. Изматете една лажица брашно и половина лажица црвен пипер со вода и додајте врз зеленчукот. Промешајте.
  6. Одозгора наредете ги зрната грозје и ставете да се пече околу 1 час на 200°C.
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: