Рецепти
Лазањи со болоњезе сос Ана Ѓорова

Италијански специјалитет

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Лазањи-готови(300 Грама)

Лук(1 Чешне)

Путер(120 Грама)

Кромид(1 Главица)

Сланина(80 Грама)

Морков(1 )

Целер(1 )

Магдонос

Телешко мелено месо(80 Грама)

Свинско мелено месо(80 Грама)

Пилешка супа(2,5 Децилитри)

Доматен сос(150 Милилитри)

Концентрат од домат(1 Супена лажица)

Црвено вино(1 Децилитар)

Суви печурки(30 Грама)

Рендан пармезан(100 Грама)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 120 минути

Сос:

  1. Исечкајте ја сланината на ситни парчиња, кромидот, целерот и морковот исто така.
  2. Потоа пржете ги во тава на загреан путер околу 15-тина минути.
  3. Додајте го меленото месо, мешајте и пржете го да зарумени.
  4. Потоа додајте половина од црвеното вино и гответе додека течноста се редуцира до половина.
  5. Откако ќе испари половина течност, додајте половина од супата, па повторно динстајте додека да испари течноста.
  6. Додајте уште од супата, 1 лажица концентрат од домати и остатокот од црвеното вино.
  7. Гответе додека течноста испари, додајте уште супа, посолете, зачинете со бибер и додајте 120 мл доматен сок.
  8. Додајте го остатокот од супата, покријте го садот и гответе го сосот 1 час.

Лазањи:

  1. Во меѓувреме додека се вари сосот, потопете ги сувите печурки 15-тина минути во вода, потоа исцедете ги и исечкајте ги, а водата не ја фрлајте.
  2. Во тава пропржете го лукот со 50 г путер.
  3. Додајте ги печурките, сол, исечкан магдонос и гответе околу 15 минути додавајќи од водата во која што беа печурките.
  4. Лазањите сварете ги во тенџере со зовриена солена вода и кога ќе бидат готови исцедете ги.
  5. Во намастена тава ставете еден ред лазањи, потоа болоњезе сосот, па малку од смесата со суви печурки и наросете пармезан.
  6. Поклопете со лазањи и повторувајте ја постапката додека ги потрошите сите состојки.
  7. Завршете со слој лазањи и одозгора ставете парчиња путер.
  8. Печете ги лазањите во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути или додека убаво заруменат.
Колач со круши и бадеми
Лазањи со болоњезе сос
Кростата од бадеми со мармалад
Домашни равиоли со сирење
Канелони со пилешко месо
Ролнички со моцарела
Макарони салата со горгонзола
Домашни канелони со печурки и бешамел сос
Тиквички на милански начин
Фетучини со лосос сос
Кростата со кокос и чоколадо
Лазањи со печурки
Црвен песто сос
Пепероната
Брускети со тиквички
Пилешки ражничи со песто сос
Салата од макарони со кисели краставички и сирење
Шпагети со ќофтиња
Фритата со домати и пиперки
Семифредо со чоколадо
Лимончело
Полнети модри патлиџани
Капоната
Чиабата леб
Сладолед тирамису
Фокача џеновезе
Италијански ќофтиња
Тортелини со пилешко и песто
Домашна наполетанска пица
Бонет

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: