Рецепти
Лазањи со печурки Ана Ѓорова

Италијански ручек или вечера што одлично оди со чаша црвено вино

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Лазањи-готови(500 Грама)

Мешано мелено месо(750 Грама)

Свежи шампињони(500 Грама)

Доматно пире(2 Супени лажици)

Кисела павлака(200 Милилитри)

Јајце(4 )

Целер(1 корен )

Кромид(2 Главици)

Модар патлиџан(1 )

Морков(2 )

Млеко(1 литар + 150 мл )

Ајвар(1 Супена лажица)

Брашно(1 Супена лажица)

Маргарин(50 Грама)

Бело вино(200 Милилитри)

Суво оригано(1/2 Супена лажица)

Сув босилек(1/2 Супена лажица)

Лук(2 Чешниња)

Кашкавал(240 Грама)

Маслиново масло

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 80 минути

  1. Шампињоните исечкајте ги на листови, а модриот патлиџан на коцки.
  2. Кромидот и лукот ситно исечкајте ги, а морковите и коренот од целер крупно изрендајте ги.
  3. Пропржете половина од кромидот и лукот, па додајте ги морковите и целерот, зачинете со сол и бибер и измешајте.
  4. Потоа додајте ги коцките модар патлиџан, па откако ќе се запржат додајте го меленото месо и промешајте. Оставете го месото да се запржи.
  5. Откако и месото ќе се испржи, налејте 150 мл млеко и промешајте.
  6. Потоа додајте ги виното, доматното пире и ајварот и промешајте.
  7. Во друга тава на оган пропржете ги преостанатите лук и кромид, па додајте ги печурките и зачинете со сол, бибер, оригано и сув босилек.
  8. Во тенџере на оган растопете го маргаринот и пржете го брашното со непрекинато мешање. Налејте 1 литар млеко, пармезан и промешајте.
  9. Во длабок сад со жица изматете ги јајцата, па додајте 2 црпалки од бешамел сосот и размешаните јајца додајте ги во тенџерето со оган. Непрекинато мешајте додека сосот ја добие потребната густина.
  10. Тргнете го сосот од оган, додајте ја киселата павлака и промешајте.
  11. Тава за печење намастете ја со масло, покријте ја со фил од мелено месо, врз него нанесете од бешамел сос и прекријте со лазањи. Врз нив повторно нанесете сос, додајте од филот со печурки и изрендајте кашкавал.
  12. Повторете ја постапката на редење уште еднаш, па печете ја лазањата 40 минути на 200 степени.
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: