Рецепти
Кростата со кокос и чоколадо Ана Ѓорова

Вкусен колач со фил од кокос и чоколадна глазура што ќе го обожавате

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(250 грама за тестото )

Путер(125 грама за тестото )

Вода(100 мл или повеќе по потреба за тестото )

Шеќер(70 грама за тестото )

Жолчка од јајце(2 за тестото )

Сол(прстофат за тестото )

Рендана кора од лимон(1/2 лажичка за тестото )

Кокос(1 лажица за филот )

Шеќер(150 грама за филот )

Путер(150 грама за филот )

Јајце(3 за филот )

Слатка павлака(1 децилитар за глазурата )

Црно чоколадо(150 грама за глазурата )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

Тесто

  1. Во сад се мешаат брашното, прстофат сол, малку рендана кора од лимон и шеќерот, па се прави длабнатина во средината и се додаваат путерот, омекнат и исечен на коцки, жолчките од јајце и водата.
  2. Смесата убаво се меша, се мати со миксер додека да добие малку кремаст состав, а потоа се префрла на набрашнета површина, се додава уште брашно по потреба за да се замеси средно тврдо тесто.
  3. Тестото убаво се изработува со рацете, постепено му се додава од брашното за да не се лепи, а потоа се става во проѕирна фолија и се остава во фрижидер 1 час.

Фил

  1. Путерот (претходно извадете го од фрижидер за да омекне на собна температура) исечкајте го на коцки и со миксер пенасто изматете го.
  2. Додајте го шеќерот, потоа 1 жолчка, па 2 јајца и матете со миксерот непрекинато.
  3. На крај додајте го кокосот и измешајте добро да се соединат состојките.

Финална постапка

  1. Округла тава се премачкува со путер и се набрашнува.
  2. Врз неа се растегнува тестото, така што на краевите ќе биде малку задебелено и нагоре. Површината на тестото избодете ја со виљушка.
  3. Додајте го филот и добро премачкајте.
  4. Печете во рерна на 180 степени околу 40 минути.
  5. Оставете го тестото да се олади, а во меѓувреме растопете го чоколадото со слатката павлака на тивок оган.
  6. Прелијте ја кростатата со чоколадо и оставете ја во фрижидер (најдобро преку ноќ) да се олади и стврдне глазурата.
Ролат од локум (посно)
Бели топчиња
Колачиња зелени елки
Кростата од бадеми со мармалад
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Колач со рогач
Благи кифлички со вино
Тробоен куглов
Ролнички со соја, праз и печурки
Кекси со лешници
Сос од грав и лук
Највкусни крофни
Штрудлички со јаболко (посно)
Посен колач со јаболки и рум
Обланди со бисквити и чоколадо
Чоколадни урми
Нескафе бомбици
Ролат со урми
Овесни колачиња со цимет и мед
Солени крофни
‘Ржан леб со семки од тиква
Колач со јаболки и бадеми
Крем бомбици
Куглоф со три фила
Овошен колач
Бајадера од урми и кикирики
Колач со млеко од соја
Брз колач со јаболко
Сочен чоколаден колач

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: