Рецепти
Штрудла со грозје Ана Ѓорова

Десерт со домашни тенки кори и фил од свежо грозје. Може да употребите бело или црно грозје по желба, штрудлата е еднакво вкусна.

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(300 Грама)

Масло(2-3 Супени лажици)

Вода(1.5 Децилитри)

Оцет(1 Супена лажица)

Сол(1 Прстофат)

Маргарин(160-170 Грама)

Лебни трошки(100 Грама)

Црно грозје(1.5 Килограм)

Шеќер(150 Грама)

Ванилин шеќер(1 )

Шеќер во прав

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни 2-3 часа

ТЕСТО:

  1. Просејте го брашното, во средината ставете 2 лажици масло и замесете тесто, додавајќи 1,5 децилитри млака вода измешана со 1 лажица оцет и малку сол.
  2. Тестото замесете го со дланките, удирајќи го на работната површина, така неколку пати додека омекне. Поделете го на два дела, обликувајте кругови, премачкајте ги со масло, покријте ги и оставете ги да мируваат околу 1/2 часа.
  3. Потоа на набрашнета површина расукајте ги тенко двете половинки од тестото, а потоа и со рака развлечете го додека не стане проѕирно. Дебелите краеви исечете ги со нож, а тестото оставете го малку да се подзасуши и пред да го филувате намачкајте го со малку маргарин.

ФИЛ:

  1. На тенко развлеченото тесто распределете ги претходно пропржените лебни трошки.
  2. Грозјето измијте го и зрната распоредете ги во еден ред на крајот од тестото и зашеќерете ги.
  3. Тестото свиткајте го, ставете го во тепсија и премачкајте го со 150 грама растопен маргарин.
  4. Штрудлата ставете ја да се пече и потоа исечете ја на парчиња по желба и наросете со шеќер во прав.
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Шеќерни прженки
Динстани јунешки ребра
Оревки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Кнедли од крем сирење
Француско „селско“ месо
Вкусна димена салама
Кнедли од џигер
Чоколадни кроасани
Пилешко во павлака
Тестенини со сос од туна
Тробоен куглов
Зелка на грчки начин
Ролат со цимет и суво грозје
Резанки од палачинки
Руски колач со афион
Чоколаден куглоф
Посен куглов со суво овошје
Ролнички со крем
Пита со тиквички и со гриз
Мафини со нутела крем
Цимет ролнички со бадеми
Жолт куглов колач
Англиска пита со бадеми
Пита со јајца и кајмак
Свинско месо со бел сос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: