Состојки
Урми
Природниот шеќер што се наоѓа во урмите е совршена алтернатива на обичниот шеќер. Лесно се вари и го намалува чувството на глад. По својот состав, урмите се вистинска природна мултивитаминска бомба. Урмите се одличен „лек“ за решавање на анемијата, високиот крвен притисок, холестеролот, па дури и ракот. Речиси и да нема болест што не може да се лечи со урмите.
Луѓето кои страдаат од анемија би требало почесто да јадат урми, бидејќи тие се богат извор на железо. Урмите се нарекуваат „витамини за очи“ поради фактот што содржат лутеин и зеаксантин. Овие две особено се важни за мрежницата на окото и макулата (средишен дел на мрежницата), бидејќи ги потпомагаат епителните клетки за добар вид и можат да спречат оштетувања на макулата што се јавуваат во староста. Урмите содржат калиум што е корисен при запирањето на дијарејата. Покрај тоа, урмите помагаат и во регенерирањето на цревната флора. На ист начин како што помагаат да се запре дијарејата, урмите можат да помогнат и храната побрзо и полесно да се свари. Заради високиот удел на хранливи материи урмите кај човекот предизвикуваат чувство на ситост и го олеснуваат губењето на тежината. Ако на празен желудник се јадат урми тие ќе ја регулираат работата на цревата и на организмот ќе му го дадат потребниот шеќер. Урмите имаат способност да ги намалуваат нивоата на лошиот ЛДЛ холестерол во телото. Заради тоа тие претставуваат одлична храна за луѓето кои имаат висок холестерол. Урмите се многу поволна храна за луѓе кои страдаат од висок крвен притисок. Тие содржат малку натриум, а се богати со калиум.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти