Состојки
Вино Виното (лат. vinum) е алкохолен пијалак добиен со ферментација на грозјето. Во Европа, според законските регулативи, виното е производ добиен исклучиво со целосна или делумна алкохолна ферментација на свежо грозје, изгмечено или не, или на шира од грозје. Вината во потесна смисла на зборот се пенливи или мирни, а според бојата се делат на бели, розови и црни (црвени). Сепак, црното вино се препорачува за пиење во поладни предели и делови од годината, додека белото вино се консумира и на повисоки температури. Покрај неодоливиот вкус и мирис, виното е благотворна состојка. Имено, сè поголем е бројот на медицински истражувања и научни трудови во кои со научни факти е докажано поволното влијание што виното во умерени количини го има за здравјето. Виното содржи хранливи состојки, шеќер, дестроза, глицерол, протеини и алкохол кои ја унапредуваат благосостојбата на организмот и го намалуваат ризикот од појава на кардиоваскуларни и малигни заболувања.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: