Рецепти
Филет од лосос со пире, сос од бел пипер и слатко од сливи Ана Ѓорова

Слаткиот вкус на сливата оди одлично во комбинација со печениот лосос и со сосот што претставуваат спој на вкусно и богато главно јадење од полската кујна

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 90 минути

  1. Лососот убаво се чисти и се посолува, па се пече додека кората стане крцкава.
  2. Свежите сливи се сечат на половина, им се отстранува семката и се ставаат во тенџере да се варат со мед и шеќер. Се остава да се вари од 15 минути до половина час со привремено мешање додека сливите омекнат и пуштат малку сок. Можете да додадете и црно вино, меѓутоа со тој додаток слаткото треба подолго да се вари. Се додаваат прстофат сол и бибер.
  3. Во меѓувреме се подготвува пире од компир – компирите се лупат и се сечат на средни парчиња, па се варат во солена вода додека убаво омекнат. Потоа се пасираат и постепено им се додава малку млако млеко, омекнат путер и сол.
  4. Во друго тенџере се сечка кромидот и се пропржува со 2-3 лажици путер и масло. Се додаваат сечканите печурки, се додаваат лупени и сечкани целер и коријандер. Откако ќе се пропржат се додава 1 литар бело вино (уште подобро ароматично вино за готвење-Vermouth).
  5. Се остава да се вари додека испари течноста повеќе од половина, па потоа се налева готова пилешка супа. Повторно се остава да испари супата и да се добие кремаста смеса. Потоа се зачинува со бел пипер, се додаваат малку масарпоне сирење и крем сирење. Повторно се зачинува со сол и бибер по вкус и на крај се цеди преку цедалка и добро се меша.
Овошен киноа појадок
Смути од јапонски јаболки и круши
Смути со киви и банани
Лате со јаболко и цимет
Утринска каша од овес и чиа
Смути од круши и ванила
Растурен омлет со печурки и со гауда
Сок од моркови и ѓумбир
Салата со спанаќ, туна и јајца
Омлет со пршут и фета
Смути од тиква
Смути со смокви
Домашен пудинг од вишни и капини
Омлет со спанаќ и шунка
Тост со јајца и песто сос
Смути со авокадо и малини
Смути со кафе и овошје
Овесно смути со праски
Сендвичи со туна и сос од маслинки
Овошно фрапе
Чиа пудинг со праски
Коктел виски соур
Оризова каша
Пица сендвич со авокадо
Смути од јаболко и овес
Каипироска коктел со јагоди
Летен овошен коктел
Летно смути
Мохито
Шпагети во сос од туна

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: