Рецепти
Американски клуб сендвичи Ана Ѓорова

Вкусни сендвичи со мисиркино месо, сланина и зеленчук

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Печено мисиркино месо(240 Грама)

Леб(12 Парчиња)

Мајонез(8 Супени лажици)

Димена сланина(8 Парчиња)

Марула(1 мала главица )

Домат(3 )

Јајце(4 )

Црвен пипер

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 25 минути

  1. Градите од мисирка исечете ги на тенки парчиња и зачинете ги со црвен пипер.
  2. Доматите измијте ги и исечете ги на тенки крукчиња, марулата измијте ја и исушете ја, а јајцата сварете ги и исечете ги на крукчиња.
  3. Ставете ги парчињата сланина во тава и пржете ги без масло од двете страни додека станат крцкави.
  4. Рерната загрејте ја на 180 степени.
  5. Отсечете ја корката од парчињата леб. Прекријте еден плех со алуминиумска фолија и на неа ставете ги парчињата леб. Печете ги во загреаната рерна неколку минути, вртејќи ги само еднаш.
  6. Извадете ги лепчињата од рерна, па четири од нив премачкајте со третина од мајонезот и прекријте ги со месото. Потоа направете слој со половина од парчињата домати. Прекријте ги со половина исечкани јајца, едно парче сланина исечено на пола за да не излегува од лебот, врз нив ставете лист марула и покријте ги со другите 4 парчиња леб, премачкани со мајонез од двете страни.
  7. Повторете ги слоевите со месо, домати, јајца, сланина и марула, па затворете ги сендвичите со последните парчиња леб, премачкани со мајонез само од едната страна. Секој сендвич исечете го на 4 триаголници и сервирајте ги.
Јафа бомбици
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Банана залчиња
Ванила бомбици
Колачиња со банана и урми
Шеќерни прженки
Салата со соја и шампињони
Шарена обланда
Смути од јапонски јаболки и круши
Ролат од локум (посно)
Бели топчиња
Експрес-пилешко со зеленчук
Сусам топчиња
Пилешки џигер во пиво
Колачиња зелени елки
Пилешко со лимон
Кнедли од крем сирење
Енергетски залчиња од тиква
Смути со киви и банани
Ролат со кокос
Салата со макарони, сланина и зеленчук
Крем салата со колбаси
Пинџур со суви везени пиперки
Малиџано салата
Чоколаден чиа пудинг со портокал
Топчиња од палента
Чај со јаболко

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: