Рецепти
Чиа пудинг со калинки
Здрав појадок со чиа семки, бадемово млеко, овес и калинки
ТИП НА РЕЦЕПТ
ПојадокТИП НА КУЈНА
Здрава хранаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
2 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Овесни снегулки(200 Грама)
Мед(5 Кафени лажици)
Маслиново масло(2 Супени лажици)
Мелени бадеми(2 Супени лажици)
Бадемово млеко(200 Грама)
Чиа семе(2-3 Супени лажици)
Јаворов сируп(2 Супени лажици)
Калинка(4 Супени лажици)
ПОДГОТОВКА
За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 20 минути
- Во помало тенџере на умерен оган ставете го медот и маслиновото масло и гответе околу 10-15 минути, со постојано мешање сè додека медот не се стопи.
- Во друг сад измешајте ги овесните снегулки и мелените бадеми, а потоа додајте ги во тенџерето со медот и убаво промешајте.
- Во меѓувреме, ставете го млекото во пластичен сад и измешајте го со јаворовиот сируп. Додајте ги чиа семките и убаво промешајте. Ставете ја смесата во стаклени чаши, покријте со алуминиумска фолија и потоа оставете да отстои во фрижидер околу 45 минути.
- Откако смесата ќе ја извадите од фрижидер, додајте ја смесата со овесните снегулки и потоа покријте ја со останатиот слој млеко со чиа семе. Покријте повторно со фолија и оставете да отстои во фрижидер подолго време.
- Пред послужување, додајте ги калинките, послужете и уживајте!
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во