Рецепти
Чизкејк со јагоди Ана Ѓорова

Непечена торта од крем сирење и свежи јагоди што е едноставна и превкусна

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Крем сирење(500 Грама)

Свеж сок од лимон(70 Милилитри)

Кондензирано млеко(397 Милилитри)

Желатин(12 грама во листови )

Бисквити(125 Грама)

Путер(60 Грама)

Јагоди(300 Грама)

Шеќер(2 Супени лажици)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 4 часа

  1. Округол калап за торти обложете го добро со хартија за печење. Премачкајте го дното и краевите на хартијата.
  2. Во друг сад измешајте го растопениот путер со мелените бисквити да добиете хомогена смеса, па потоа добро со дланките натапкајте ја на површината на садот. Ставете го садот во фрижидер 30 минути.
  3. Потоа околу 50 г од јагодите исечете ги на половинки и распоредете ги на краевите на кружниот сад.
  4. Желатинот (7 г) растопете го во вода.
  5. Во друг сад ставете го ладното крем сирење. Матете го неколку минути со миксер, потоа постепено додавајте го кондензираното млеко и продолжете со матењето.
  6. Исцедениот сок од лимон ставете го во тенџере на оган и додајте го желатинот. Смесата треба кратко да се меша на оган (не да се зоврива), а потоа оставете ја кратко настрана и измешајте 2-3 лажици од смесата од крем сирењето (за да нема грутки).
  7. Потоа измешајте ги смесата со крем сирењето и смесата со лимонот и желатинот, прелијте ги врз бисквитите и оставете неколку часа во фрижидер.
  8. Во меѓувреме подгответе го филот од јагоди: во ладна вода растопете ги листовите желатин (5 г) неколку минути.
  9. Јагодите сомелете ги со шеќерот, па ставете неколку лажици од смесата во тенџере на оган. Додајте го желатинот, мешајте добро, па додајте го остатокот од смесата со јагоди.
  10. Мешајте повторно, тргнете од оган и прелијте ја смесата врз тортата. Оставете ја уште неколку часа да се олади, па сервирајте.
Посни колачи со локум
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Пита со карамелизирана тиква
Евтин колач со јаболко (посно)
Колач со круши и бадеми
Цимет ѕвездички
Интегрален колач од јаболки
Торта фантазија
Ролат со кокос
Расолница
Куглов со ореви и чоколадо
Чоколадни кроасани
Рум касато
Торта со цели печени јаболки
Посен колач со јаболко и банана
Кокос коцки
Колач со јаболко
Колач со три слоја
Бели колачиња (посно)
Урма торта со ореви
Посен куглов со суво овошје
Таан баклава
Печени пирошки
Колач со јаболки и ореви
Англиска пита со бадеми
Вештерски прсти
Чоколадна парфе торта со ореви

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: