Рецепти
Колач од моркови со крем
Едноставен рецепт за колач што оваа комбинација позитивно ќе ве изненади
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
Американска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
10 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Јајце(4 )
Масло(300 Грама)
Шеќер(400 Грама)
Брашно(250 Грама)
Сода бикарбона(2 Кафени лажици)
Цимет(1 Кафена лажица)
Рендан морков(350 Грама)
Сечкани ореви(120 Грама)
Крем сирење(250 Грама)
Шеќер во прав(250 Грама)
Путер(125 Грама)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 50 минути
- Изматете ги јајцата и шеќерот со миксер додека шеќерот се растопи.
- Потоа додајте ги маслото, циметот, содата бикарбона, брашното, оревите и ренданите моркови, па матете со миксерот додека смесата се соедини.
- Правоаголна тава за печење намастете ја со масло и набрашнете ја, па во неа претурете ја смесата.
- Печете го колачот во рерна на 200 степени, 40 минути.
- Во меѓувреме изматете ги путерот и шеќерот во прав, додајте го крем сирењето и матете додека кремот се соедини.
- Печениот колач премачкајте го со кремот, исечете го на коцки и наросете уште сечкани ореви по желба.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во