Рецепти
Колачи на стапче
Подгответе ги за вашата следна роденденска забава и изненадете ги гостите со креативноста
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
Американска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
10 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Мелени бисквити(300 Грама)
Шеќер во прав(150 Грама)
Маргарин(250 Грама)
Мелени ореви(150 Грама)
Сок од портокал(200 Милилитри)
Бело чоколадо(100 Грама)
Масло(2 Супени лажици)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 30 минути
- Во сад со миксер пенасто изматете го маргаринот со шеќерот во прав.
- Додајте ги мелениот кекс и мелените ореви и промешајте.
- Постепено додавајте го сокот од портокал, па замесете мазна смеса, лесна за обликување. Оставете ја да се стегне.
- За тоа време белото чоколадо се растопува со масло во тенџере на тивок оган.
- Краевите на дрвените стапчиња се потопуваат во глазурата од бело чоколадо, па се боцкаат во стиропор и се остава чоколадото да се стегне.
- Во меѓувреме, од смесата се обликуваат топчиња.
- На стапчињата се боцкаат топчињата, се оставаат во фрижидер 15 минути.
- Изладените топчиња се потопуваат во глазурата од бело чоколадо, а потоа се валкаат во чоколадни трошки.
- Стиропорот се покрива со салфетка, па се боцкаат готовите колачиња.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во