Рецепти
Макарони салата со пилешко и песто сос
Италијанска салата со домашен сос од босилек и пилешко месо за лесен и вкусен оброк. Добар апетит!
ТИП НА РЕЦЕПТ
СалатиТИП НА КУЈНА
Италијанска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Макарони(250 Грама)
Пилешки гради(200 Грама)
Шери домати(200 Грама)
Рукола(1 Китка)
Лук(1 Чешне)
Свеж босилек(50 Грама)
Рендан пармезан(30 Грама)
Морска сол(прстофат )
Пекорино кашкавал(30 Грама)
Маслиново масло(100 Милилитри)
Борови ореви (пињоли)(15 Грама)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 35 минути
Песто сос:
- Лукот излупете го и истолчете го во дрвен сад заедно со малку морска сол.
- Потоа додајте ги целосните, измиени и исушени листови босилек и толчете ги заедно со лукот додека убаво не се испасира смесата и не стане кашеста.
- Откако ќе добиете убава смеса, додајте ги боровите ореви и толчете повторно додека не се соедини смесата.
- Пекорино кашкавалот изрендајте го на најситно и додајте го заедно со ренданиот пармезан во смесата со босилекот.
- На крај додајте го маслото и убаво промешајте додека не добиете хомогена смеса.
Салата:
- Макароните (или тестенини во форма на пеперутки) сварете ги во солена вода околу 8-10 минути, исцедете ги, па исплакнете ги под млаз ладна вода и ставете им малку маслиново масло.
- Пилешкото месо испржете го во тава со малку масло, потоа посолете го и исечете го на коцкички.
- Во голем сад измешајте го месото со шери доматите исечени на половинки, руколата и со уште малку масло.
- Додајте ги макароните и домашниот песто сос и убаво измешајте. Сервирајте го јадењето ладно.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во