Сите вкусови на медитеранската кујна во една чинија! Здрава и лесна за правење, оваа медитеранска салата е одличен ручек или вечера
ТИП НА РЕЦЕПТ
СалатиТИП НА КУЈНА
Здрава хранаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
2 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минутиКиноа снегулки(1/4 Чаша)
Вода(3/4 Чаша)
Црни маслинки(1/2 Чаша)
Црвена бабура(1/2 Чаша)
Црвен кромид(1/4 Чаша)
Сечкан магдонос(1/4 Чаша)
Фета сирење(1/3 Чаша)
Маслиново масло(1 Супена лажица)
Црвен вински оцет(1 Кафена лажица)
Суво оригано(1/2 Кафена лажица)
Овој рецепт се подготвува за помалку од 20 минути
1. Сварете ја киноата во малку солена вода околу 15-20 минути. Исцедете ја и оставете ја да се олади.
2. Подгответе го преливот со тоа што ќе ги измешате оцетот, маслиновото масло, ориганото, сол и бибер.
3. Во чинија ставете ја киноата заедно со останите исечкани состојки, измешајте се заедно, зачинете со преливот и послужете.