Рецепти
Мохито
Ве носиме во Куба со овој летен, освежителен рецепт за алкохолен коктел што ќе го обожавате
ТИП НА РЕЦЕПТ
ПијалaкТИП НА КУЈНА
Американска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
1 лицеВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Свеж сок од лимета(2 Супени лажици)
Шеќер(2 Кафени лажици)
Коцки мраз(кршени 1/2 чаша )
Свежо нане(12 Листови)
Бел рум(60 Милилитри)
Газирана вода(2 Супени лажици)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 10 минути
- Во долга, стаклена чаша измешајте ги сокот од зелен лимон и шеќерот додека шеќерот се растопи.
- Потоа додајте половина од кршениот мраз. Искршете го на тој начин што ќе ги ставите коцките мраз во пластична кеса, убаво ќе ја затворите и ќе го искршите со дрвен чук за толчење месо. Втор начин: ставете ги коцките мраз во крпа, свиткајте ја крпата и притискајте силно (мавајте) со дрвено сукало.
- Листовите нане исечете ги на половинки и ставете ги во чашата.
- Внимателно мешајте ги состојките во чашата, па додајте го румот, останатиот кршен мраз и газираната вода.
- Повторно полека измешајте, декорирајте со листови нане или со парчиња зелен лимон и послужете.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во