Рецепти
Паприкаш од скуши (посно) Ана Ѓорова

Здрав и вкусен ручек за љубителите на скуши што одлично оди со чаша суво бело вино

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Скуша(4 )

Зелена пиперка(2 )

Целер(20-тина Листови)

Магдонос

Лимон(1 )

Црвен вински оцет(200 Милилитри)

Бело вино(150 Милилитри)

Доматен сос(100 Милилитри)

Ловоров лист(1 )

Брашно(1/2 Супена лажица)

Црвен пипер(лут 1 лажица )

Бел пипер(мелен 1 лажичка )

Сол

Бибер

Маслиново масло

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути + 3 часа да отстојат скушите

  1. На скушите отсечете им ги опашките и исечкајте ги на парчиња. Зачинете ги со сол и бибер и ставете ги во длабок сад.
  2. Додајте ги оцетот и 150 мл вода, па оставете ги скушите да отстојат во разредениот оцет 3 часа.
  3. Во друг длабок сад ставете ги доматниот сос, ситно сечканите магдонос и целер, ловоровиот лист, мелениот бел бибер и црвениот пипер.
  4. Во садот додајте ги и виното, брашното, половина исцеден лимон и 2-3 лажици маслиново масло. Зачинете со бибер и сол и промешајте ја маринадата.
  5. Парчињата скуша извадете ги од оцетот и ставете ги во огноотпорен намастен сад.
  6. Одозгора во садот додајте ги сечканите пиперки, преостанатата половина лимон исечкан на кругови, па на крај маринадата.
  7. Печете ја рибата 45 минути во рерна на 180 степени.
  8. Паприкашот послужете го со свежа зелена салата и со варени или печени компири.
Јафа бомбици
Банана лепче
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Банана залчиња
Туна ќофтиња
Ванила бомбици
Здрава проја со тиквички
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Баклава со јаболки
Шеќерни прженки
Пилешки дроб и срца
Салата со соја и шампињони
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Смути од јапонски јаболки и круши
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Динстани јунешки ребра
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: