Рецепти
Салата од грав и наут
Ладна, свежа и здрава салата за лесен ручек. На здравје!
ТИП НА РЕЦЕПТ
СалатиТИП НА КУЈНА
Здрава хранаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
6 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 50 минути
- Наутот најпрво оставете го да отстои преку ноќ или неколку часа во вода, па потоа исцедете го, наполнете вода во тенџере и сварете го.
- Гравот, исто така, оставете го да кисне преку ноќ. Утредента исцедете го и сварете го во вода во посебно тенџере.
- Сварените грав и наут исплакнете ги под млаз ладна вода.
- Потоа измешајте ги со сечканите домати, руколата, магдоносот и кромидот.
- Босилекот ситно исечкајте го и измешајте го со сол, бибер и масло, па прелијте врз салатата.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во